Политика за приватност

Политика на приватност

Политика на приватност на Апликацијата на Акции.мк (Akcii.mk) – www.akcii.mk.

Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на www.akcii.mk и на мобилната апликација Акции.мк (Akcii.mk )се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на Апликацијата www.akcii.mk и корисниите на мобилната апликација Акции.мк (Akcii.mk) (во понатамошниот текст: Апликација). Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Апликацијата. Доколку на Апликацијата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници или мобилни апликации, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни. Посетата на нашата Апликација e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите и корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација или преку давање екплицитна дозвола на Facebook апликацијата. Со користење на нашата Апликација, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата Апликација. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци: Име и презиме Е-mail адреса (адреса за е-пошта) Датум на раѓање Пол Град Дозвола за испраќање на е-информатор. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон. Нашата Апликација ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Нашата Апликација може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител или корисник ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено. Доколку сте регистрирани на нашата Апликација, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка. Нашата Апликација го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Апликацијата. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: info@akcii.mk